HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНекогаш еден од најдобрите во Европа, сега најлош во Премиер лигата!

Некогаш еден од најдобрите во Европа, сега најлош во Премиер лигата!

Поразувачка статистика за до неодамна еден од најдобрите голмани во Европа. Статистиката е некогаш како бикини, често покажува се, а не открива ништо, меѓутоа, во овој случај открива многу. Тибо Куртоа е во најлоша форма во својата кариера и по процентот на одбрани- тој е најлош голман во Премиер лигата. Имено, тој не успеа да ги спречи половина од ударите кон својот гол и со процент на одбрани од 47% е најлош голман во досегашниот тек на шампионатот.

Интересно, на прво место е Клаудио Браво, иако Чилеанецот бранеше само на три средби од кога пристигна во Манчестер Сити. Сепак, треба да се земе во предвид дека ниту дефанзивците на Челси не можат никако да се пофалат со својата форма во оваа сезона, бидејќи веќе неколку коло на мета на критики се наоѓаат Кејхил и Ивановиќ, па според тоа Куртоа не е единствениот виновник за оваа „црна“ статистика.

plgolmani500478020161001121716

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com