Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНегувателка малтретирала старица болна од Паркинс

Негувателка малтретирала старица болна од Паркинс

Жена без кров на главата најмена да негува старица, ја изневерила пружената помош и без причина ја малтретирала старицата болна од Паркинс. СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М. (64) поради основано сомнение за сторено кривично дело „Телесна повреда при вршење семејно насилство“.

Во март годинава, Б.В., син на оштетената, усмено се договорил со пријавената да се грижи и да ја чува неговата 84-годишна мајка Н.В. која е тешко подвижна и болна од Паркинсонова болест и деменција, за сметка на што, без надомест би и овозможил да живее со мајка му и да се грижи за сите нејзини финансиски потреби, бидејќи немала сопствен дом и средства за егзистенција.

На 21-ви овој месец околу 00:30 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“, Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал како пријавената физички ја малтретирала мајка му, удирајќи ја со рацете по главата и телото, тегнејќи ја за коса и туркајќи ја на креветот. Се симнал на долниот кат и ја спречил понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал од нивниот дом. Ј.М. во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената.

Вчера таа е лишена од слобода и со неа полицијата изврши службен разговор. Видео материјалот од тепањето на старицата е предаден на истражните органи, но поради вознемирувачката содржина нема да биде објавен во јавноста.