HomeДЕНЕШНАРепубликаНеготино ќе го одбележи Св. Трифун со вински натпревар

Неготино ќе го одбележи Св. Трифун со вински натпревар

Неготино ќе го одбележи верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитиник на лозарите, со вински натпревар. Од општината информираат за винските настани кои се доволна причина токму во овој град да го прославите празникот.

Во сабота на 13 февруари на програмата се организирана дегустација, натпревар во бело и црно вино со учество на домашни и интернационални винарии, денот на вранецот, винска тура, предавање за заштита на виновата лоза, традиционална копаничарска изложба.
Централниот настан е на 14 февруари, со фолклорно дефиле и фолклорно-културни изведби, учество на локални естрадни уметници, ритуал на обредно закројување на винова лоза и доделување на награди на учесниците во натпреварот за најдобри вина и ракии. На градскиот плоштад ќе има и промотивни штандови со вино и храна.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com