Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНеган ќе донесе хаос во финалето на The Walking Dead

Неган ќе донесе хаос во финалето на The Walking Dead

Фановите на стриповите со „мртвите кои одат“ одамна знаат за иконскиот негативец Неган, суров предводник на група на преживеани кои убиваат и пљачкосуваат се што е преостанато од човечката цивилизација. Сега и ТВ публиката конечно ќе може да го запознае Неган и тоа во финалето на шестата сезона на The Walking Dead игран од актерот Џефри Дин Морган.
За жал ликот нема да може да пцуе на кабловска телевизија поради строгите правила на цензура, па така не очекувајте секој негов втор збор да биде Fuck како во стриповите. Финалето ќе се емитува вечерва во САД, а фановите треперат бидејќи голем дел од нивните омилени ликови најверојатно ќе завршат мртви во големата војна која се најавува.