Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНедолжни Срби убиени во американски напад на Либија

Недолжни Срби убиени во американски напад на Либија

Помеѓу 49-те жртви по воздушните напади кои ги изврши авијацијата на САД најверојатно има и двајца недолжни српски државјани Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ. Тие се работници кои биле киднапирани од ИСИС минатата година и се чини дека се колатерална штета при нападот на кампот на ИСИС во Либија.

Српското министерство за надворешни работи предводено од Ивица Дачиќ пренесе дека најпрво ќе чека официјална потврда за жртвите на терен пред и официјално да прогласи дека Станковиќ и Степиќ се меѓу загинатите.