Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНедипломирана студентка со месеци работи како докторка на Брза помош

Недипломирана студентка со месеци работи како докторка на Брза помош

Студентка на Медицински факултет без лиценца и положен државен испит пет месеци работела како лекарка во Итната медицинска помош, тврдат извори за НОВА од Здравствениот дом. Од податоците и документите од книгите каде што се евидентира секој повик, до кои дојде НОВА може да се види дека незавршената докторка се уште обавува самостојно докторска дејност, оди на повици и дава терапија на пациенти. Според вработените во Итната медицинска помош таа води смена, дежура и е “докторот” во амбулантните возила на повик придржувана од медицинска сестра и возач.

pecatmarina

Од документите до кои дојде НОВА, може да се види дека 24. годишната студентка поседува и печат без број, кој е стекнат незаконски бидејќи на него има право дури по добивањето на лиценца за работа.

junimarina

licenca

Вработени од Итната медицинска помош велат дека забележуваат дека печатот го крие од нив. Во времето на нејзиното вработување таа била се уште студентка, а нејзиното Уверение за завршен медицински факултет е во фаза на изработка, иако како докторка работи уште од февруари. Од деканатот на Медицински факултет во одделот за студентски прашања рекоа дека деканот треба денеска да го потпише Уверението за завршен медицински факултет. Но и со ова Уверение таа несмее да извршува докторска дејност бидејќи нема положено државен испит и нема лиценца за работа.

Но, не само што немала завршено медицински факултет кога почнала да работи, немала диплома , таа се уште нема право да полага државен испит по кој треба да се стекне со лиценца за работа. Најбрз рок за полагање на државен испит е во ноември годинава, велат лекари за НОВА.