HomeДЕНЕШНАПолитикаНеделкова: Врховниот суд не треба да се прашува зошто не е почнато судењето за предметот „пуч“

Неделкова: Врховниот суд не треба да се прашува зошто не е почнато судењето за предметот „пуч“

Зошто не е почнат судскиот процес за случајот „Пуч“ не треба да се прашува Врховниот суд туку соодветните институции, а тоа е Основниот суд 1, изјави претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова во врска со изнесените забелешки на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на расправата на надлежната собраниската комисија, која пратениците ги упати одговор на ова прашање да побараат кај Неделкова, пренесува Ohrid news.

– Не ми е познато какви се вистинските зборови што се употребени во одговорот на госпоѓата Јанева. Точно и јас прочитав дека сум прозвана и повикана за тоа да одговорам, навистина немам таква надлежност законски и покрај тоа што сепак ги следам сите судски предмети и случувања и како претседател на Врховниот суд и преку предметите кои доаѓаат на разгледување во Врховниот суд. Меѓутоа ова посочување најверојатно е во некој друг контекст кажано, верувам во тоа, во спротивно би било многу аматерски иајавата или тврдењето зошто некој мене да ме праша зашто не почнува некој судски процес во еден Основен суд. – изјави претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова која во Охрид учествува во работата на Првата школа за млади кривичири.

Неделкова посочи дека не неколку наврати споменатиот судскиот процес е одложуван некогаш по барање на обвинителството, некогаш по барање на странките, но не и познато зошто се одлага, додавајќи дека до Врховниот суд до сега не е стигната ниту една забелешка во врска со тоа.

-Врховниот суд апсолутно во оваа почетна фаза на постапката што се води пред Основниот суд нема никакви надлежности, ниту пак некој ми се обратил, дали обвинителството или било кој ученик во постапката со некаква претставка или поплака дека евентуално се одлага судењето спротивно на законските надлежности или рокови. – додаде Неделкова.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com