Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНеби Хоџа од северозападна комора, кандидат за вицепремиер за економски прашања во новата влада

Неби Хоџа од северозападна комора, кандидат за вицепремиер за економски прашања во новата влада

Во време на екипирање на новиот владин кабинет и бизнисот предлага кандидат за вицепремер за економски прашања. Стопанска комора на северозападна Македонија од идната влада ја побара функцијата заменик-премиер, а како кандидат го предложија претседателот на комората Неби Хоџа. Од таму велат дека за оваа можност веќе било дискутирано на средбите со лидерот на СДСМ, сега мандатар, Зоран Заев.

Стопанствениците велат дека требаа да имаат пристап во подготовката на законите пред да стасаат на усвојување во собранието. Од бизнисот засега се споменуваше и името на Кочо Анѓушев, како можен функционер во извршната власт. Од комората на северозападна Македонија очекуваат дека со влезот на бизнисмени во власта, комуникацијата ќе зајакне во насока на решавање на проблемите.