Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНе запира незадоволството од претседателските избори во Србија

Не запира незадоволството од претседателските избори во Србија

Неколку илјади граѓани и синоќа се собраа пред зградата на српското Собрание во Белград од каде се упатија на протестна прошетка низ централните белградски улици.

Како што јави „Танјуг“, вечерашната прошетка се одржа и покрај најавите на организаторите на протестите против изборот на српскиот премиер Александар Вучиќ за нов претседател на Србија, дека нема да има собири во текот на велигденските празници.

Демонстраните свиреа со свирчиња и извикуваа слогани со барање за фер избори, департизација на државата, децентрализација на земјата и слобода на медиумите.

Меѓу транспарентите кои можеа да се прочитаат на протестите беа и „Падни ми на гради, Небојша“, „Не сакаме да бидеме евтина работна сила“, „Ние сме клинците кои се саморганизираа во времето на поплавите“ и „Правдата и правото се движат со нас“.

Ова беше десетти ден на вечерни протести во Белград по претседателските избори одржани на 2 април на кои победи Вучиќ.