HomeДЕНЕШНАРепубликаНѐ очекуваат топли денови

Нѐ очекуваат топли денови

188

Топол ноември и декември предвидуваат метеоролозите. Според сегашните прогностички материјали од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето и Глобалниот прогностички систем првата недела на ноември ќе има благо потпросечни среднодневни температури и потпросечни количини на врнежи.

Најтопло ќе биде денеска со дневна максимална температура од 14 до 21 степен, а утре ќе има пад на температурата. Викендов ќе биде облачно со сончеви периоди.

Од 7 до 13 ноември се очекуваат релативно високи температури, за 1 до 3 степени повисоки од просечните.

Во втората половина на ноември следува период со просечни врнежи и со нешто повисоки температури од просечните. Во последната декада на ноември предвидувањата се дека времето ќе биде потопло со средни температури за 1 до 3 степени повисоки од просечните.

И декември ќе биде потопол од повеќегодишниот просек, со 1 до 3 степена повисока температура од просечната.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com