Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика(Не)намерна грешка на Еди Рама, за нови провокации и реакции во македонското општество

(Не)намерна грешка на Еди Рама, за нови провокации и реакции во македонското општество

Голем број на реакции, пред се негативни, во македонската јавност, предизвика објавената слика на првиот човек на албанската влада Еди Рама, протолкувана како територијални претензии од страна на албанскиот премиер кон нашата земја.

 

На официјалниот фејсбук профил на албанскиот премиер  Еди Рама објавена е фотографија од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија„ и „Кањон Лешница“ (#BeautifulAlbania, #KanioniLeshnicës). На оваа објава и фотографија реагира тетовскиот планинар Бошко Видоески кој вели дека ова не е снимено во Албанија, туку дека ова е една од т.н. Кривошијски кади на Кривошијска река која се наоѓа на нашата страна од Шар Палнина.

„Еди Рама најверојатно не знае дека фотографијата што ја објавил не е кањонот на Лешница во Албанија, туку е водопадот на т.н. втора када на Кривошијска река пред нејзиниот влив во реката Пена и се наоѓаат на македонскиот дел од Шар Планина, а не во Албанија. Јас никогаш не сум бил во Албанија ниту во тамошниот локалитет Лешница за да направам фотографија, но имам многу фотографии од Кривошијската када,  па ако се споредат моите фотографии со таа што ја објавил Еди Рама убаво може да се види дека албанскиот премиер  погрешил, односно го ‘присвоил’ овој локалитет како тој да е во Албанија. Верувам дека претседателот Рама ова го направил ненамерно или од незнаење, сепак мислам дека овде треба експедитивно да реагира и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи бидејќи станува збор за тенденциозен пост“ вели  тетовчанецот Бошко Видоески.

На неговата реакција, се надоврзаа голем број граѓани, активни политички чинители, а ја пренесоа и голем број на медиуми/портали.

Се надеваме дека ова е превид на албанскиот премиер, и дека е ненамерна грешка каде, што промовирајќи ги природните убавини на неговата земја, земал фотофрафија од едно од најубавите природни подрачја во Македонија,

Кањонот Лешница се наоѓа во близина на грчката граница крај патот за Саранда,  и е заштитено природно подрачје во Албанија.