Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНе може да се назначи нов директор на БЈБ додека Чавков е на одмор

Не може да се назначи нов директор на БЈБ додека Чавков е на одмор

Повлекувањето на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и неговото барање за користење на годишниот одмор, спречува евентуално именување на нов директор на ова биро, јавува „Алсат-М“. Експертите велат дека додека Чавков е на годишен одмор, новата Влада нема да може да назначи нов директор, оти нема кој да ја прими одлуката за разрешување. Екс – началникот на полицијата Љубомир Ѓурчески, цени дека во време кога има барање за разрешување на Митко Чавков, не требало да му се даде годишен одмор.

Сепак, ако против Чавков се процесира кривична пријава за недејствување врз основа на Законот за полиција за време на насилството во Собрание, тогаш не би претставувало пречка за новата Влада да именува нов директор на БЈБ.

Инаку, Чавков ги отфрли сите обвинувања за непрофесионален пристап за време на настаните од 27 април во Собранието. Тој за медиумите соопшти дека немал информации дека насилни групи ќе го нападнат Собранието на денот кога беше избран претседател на Собранието. Министерот за внатрешни, Агим Нухиу изјави дека ноќта на 27 април, над два часа не можел да воспостави контакт со Чавков.

А, како што дознава Алсат –М од сигурни извори, Чавков побарал да му биде прекинат договорот за работа и дека воедно ги собрал сите свои работи од неговата канцеларија. Против Чавков се уште не е процесирано кривична пријава за настаните во Собранието.