Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНе ѝ возвратил доволно љубов, западнала во депресија и се расекла

Не ѝ возвратил доволно љубов, западнала во депресија и се расекла

Едвај ја спасиле од прерана смрт – 20-годишна девојка од Скопје толку многу се самоповредила по целото лице и тело, што хирург, реаниматор и психијатар од штипската клиничка болница успеале да спречат претерано губење на крв.

ТВ Стар ја пренесува причината на ваквиот суров чин. Имено, девојката била оставена од нејзиниот дечко од Пробиштип, поради што западнала во депресија. Решила да оди кај него дома и да проба да ги реши љубовните проблеми, но тој не попуштил пред нејзе, па така таа земала празно шише, го скршила и пред негови очи го расекла телото.

Девојката како итен случај е донесена од Пробиштип со сериозни исекотини на рацете кои предизвикале повреда на виталните крвни садови, а не помалку повредени останале и останатите делови од целото тело.