HomeДЕНЕШНАНе излегувајте без чадор…

Не излегувајте без чадор…

Денеска не очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има попладне и во вечерните часови кога на места ќе бидат пообилни, особено во северозападните и источните делови. Локално се очекува да наврнат над 25 литри на м2. Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com