HomeДЕНЕШНАПолитикаНе е прифатена ниту жалбата на СЈО за одземање на пасоши во „Тендери“

Не е прифатена ниту жалбата на СЈО за одземање на пасоши во „Тендери“

kanceska-sud

Кривичниот совет ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство за мерката на претпазливост одземање на пасош за министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска која е меѓу осомничените за случајот „Тендери“.

Министерката е осомничена за искористување на службените овластувања за фаворизирање на компанијата Бетон-Штип, како изведувач на дополнителни градежни работи на Музејот. СЈО побара мерка претпазливост за двајца од осомничените, односно одземање на нивните пасоши. Во случајот осомничени се уште тројца членови на Комисија за јавни набавки во Министерството за култура.

Елизабета Канческа-Милевска јавно покажуваше документација која докажува дека целата тендерска постапка била легална и дека не се извршени никави злоупотреби при извршувањето на финалните фази на градба на Музејот на македонската револуционерна борба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com