HomeДЕНЕШНАПолитикаНДП и БЕСА заедно на изборите – колку гласови ќе повлече новата коалиција?

НДП и БЕСА заедно на изборите – колку гласови ќе повлече новата коалиција?

besa-i-ndp

Уште една коалиција се обзнани денеска. Национална демократска преродба и движењето БЕСА соопштија дека ќе коалицираат за претстојните избори. Сорабоката е потврдена и на највисоките органи на партиите. Коалиција која ќе настапи на парлементарните избори на 11 декември ќе се вика Преродба со БЕСА. Коалицијата ќе се трка во изборните единици 1, 2, 5 и 6.

Во изборната единица 1 ПРЕРОДБА СО БЕСА ќе биде предводена од потпретседателот на Движењето БЕСА, Зеќирија Ибрахими, во изборната единица број 2 коалицијата ќе биде предводена од генералниот секретар на Движењето БЕСА, Африм Гаши, изборната единица број 5 ќе биде предводена од др. Арбен Лабеништа, исто така потпретседател на Движењето БЕСА и изборната единица број 6 ќе биде предводена од претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами – како број 1 и претседателот на Националната Демократска Преродба, Фадил Зендели – како број 2.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com