Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНБС ги смирува Србите кои имаат влогови во грчки банки

НБС ги смирува Србите кои имаат влогови во грчки банки

Затворените банки во Грција ги загрижи и граѓаните на Србија, посебно оние кои имаат влогови во грчки банки кои работат во Србија.

НБС, ја смирува паниката која се појави помеѓу оваа група граѓани. Од таму истакнале дека српските штедачи немаат никави причини за стравување и дека нивните пари се безбедни. НБС појаснила дека грчките банки во Србија не се филијали на матиците, туку посебни правни лица со уплатен акционерски капитал во Србија и како такви не се изложени на јавниот долг на Грција. Ако се посматра законодавната рамка во која овие банки работат, депозитите во грчките банки се исто толку сигурни како и во сите останати,  потенцирале од  Народната банка на Србија