Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНБРМ: Надворешниот долг достигна 70,1% од БДП

НБРМ: Надворешниот долг достигна 70,1% од БДП

Само за три месеци, надворешната задолженост на земјата се зголемила за 353 милиони евра, објави Народната банка. Заклучно со март, годинава Бруто надворешниот долг изнесува 6,7 милијарди евра.

Зголемување на надворешната задолженост има кај Народната банка, но во пораст се и задожувањата на државата. Владата утре ќе зајмува повторно од домашните кредитори но и ќе се раздолжи.

Заклучно со првиот квратал од 2016 година, Бруто надворешниот долг на Македонија изнесувал 6 милијарди 707 милиони и 400 илјади евра. Според најновите податоци што ги објави Народната банка, надворешната задолженост е во пораст и достигна 70,1% од БДП. Само за три месеци, или во споредба со последниот квартал од 2015 година, задолженоста кон странство се зголемила 353 700 000 евра.

За шест години, или од 2010 година до сега јавниот долг се зголеми за 1,9 милијарди евра и според овој критериум, Македонија е сеуште во групата на умерено задолжени земји, додека според надворешната задолженост економијата веќе е рангирана во високо задолжени.