Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБомба поставена во домот на таткото на Милошоски – тој тврди дека е политичка

Бомба поставена во домот на таткото на Милошоски – тој тврди дека е политичка

Деактивирана е бомба, поставена во село Ижиште на задната врата на куќата на таткото на фронтменот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Полицијата ги испитува мотивите и нема сознанија. Милошовски тврди дека е политика!

Ова го соопшти самиот тој во својот Фејсбук профил и на Твитер. Според неговите зборови во отстранувањето на експлозивната направа учествувале специјалисти антитероризма од Прилеп и Скопје. Таткото на Милошоски имал среќа што не натиснал силно на вратата при отворањето. Кога разбрал штоима, веднаш ги информирал органите на редот.

“Ја сметам заканата против татко ми за индиректна закана против мене, поврзана со мојата политичка активност и начин на размислување”, пишува Милошоски.

Тој нагласува: „Борбата за демократија, со зборови, со позиција, со патриотизам за татковината ќе продолжи со ненамален ентузијазам”. Милошоски препорачува на луѓето од “криминално-политичкиот” подземен свет да не се служат со УДБА-шки работи и да ги остават на мир.

После избориве, криминално-политичкото подземје кое се инспирира од “бомбите на мадатарот за Живот”, почна да поставува вистински бомби со закани по живот кон неистомислениците!, напиша на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.