HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНавивачите на Ливерпул бесни, дербито го суди човек од Манчестер!

Навивачите на Ливерпул бесни, дербито го суди човек од Манчестер!

Во понеделник од 21 часот подгответе се за големото англиско дерби меѓу Ливерпул и Јунајтед кое ќе се одигра на „Енфилд“. Ќе биде тоа судир надвете најтрофејни англиски екипи, два гиганти, двајца големи тренери- Мурињо и Клоп! За оваа средба се одредени и судиите, а навивачите на Ливерпул се посебно незадоволни со одлуката ова дерби да го суди Ентони Тејлор.

Зошто? Дали ги има оштетено во претходните натпревари? Тоа не е случај, но навивачите на Ливерпул стравуваат дека тоа може да им се случи, бидејќи овој судија потекнува од горниот дел на Манчестер, а сега живее на само десетина километри од „Олд Трафорд“. Но, што е тука е останува да видиме како кој ќе биде подобар во ова големо англиско дерби.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com