HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНавивач на Атлетико ја тужи УЕФА и бара отштета

Навивач на Атлетико ја тужи УЕФА и бара отштета

atletiko

Навивач на Атлетико Мадрид поднесе тужба против УЕФА и судијата Марк Клатенбург и бара отштета. Тужбата се однесува на погодокот на Реал во финалето од ЛШ оваа година. Навивачот смета дека погодокот требало да биде поништен поради офсајт ситуација. Хозе Антонио Кампон, бара 1.660 евра компензација во тужбата која вчера била предадена во Леганес – пренесува СпортКлуб.мк.

Реал триумфираше во финалето одиграно на „Сан Сиро“ на пенали, по нерешените 1:1, по 120 минути, Клатенбург и неговите помошници го признаа водечкиот погодок на Серхио Рамос, иако се чинеше дека дефанзивецот се наоѓа во недозволена позиција.

Според наводите на адвокатот тој погодок „влијаел на исходот на мечот и им донел предност на Реал“. Карлос Мендез вели дека постапката е во тек, а пресудата се очекува летото 2017-та година.

„Кога ќе одите во кино и нема тон, логично е да си ги побарате парите назад. Ова е токму таков случај. Постојат одредби, а тие се прекршени. Затоа поднесовме тужба против УЕФА и Клатенбург и од нив бараме одговорност“, истакна адвокатот на тужителот.

Мендез и неговиот клиент се надеваат на победа во овој спор, а за тоа ја имаат снимката која ја сметаат за адекватен и релевантен доказ. Кампон кој потрошил 160 евра за картата за финалето, бара уште 1500 за морална штета која му е нанесена, додека Атлетико објави дека нема да може да се меша во оваа постапка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com