Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНавалениот кран не е опасен за жителите на Кисела Вода

Навалениот кран не е опасен за жителите на Кисела Вода

Кран на градежната фирма „Адора инженеринг“ се измести од лежиштето и се навали врз зградата во изградба „Флет ајрон“ по што жителите на улицата „Иван Козаров“ кај Стара рампа се исплашија дека може да падне врз нивните куќи и станови, пренесува telegraf. Од „Адора инженеринг“ соопштија дека ја отстраниле опасноста и дека нивни екипи го стабилизирале кранот, а потоа ќе биде и демонтиран. Проблемот настанал со дигалката управувана од подизведувачот „Факом“ кои биле задолжени за кранот.

Извор: telegraf.mk