HomeАЈНШТАЈНИЈААтомНаучниците открија имплант со кој парализираните ќе проодат

Научниците открија имплант со кој парализираните ќе проодат

implant

Невролошки научници од Лозана откриле како со современа технологија да имплантираат електроди во мозокот за проодување при парализа. Експериментот е изведен со помош на `рбет на парализиран мајмун, со кој практично се докажува дека методот е изводлив.

Имплантите всушност ја вратиле функцијата на нозете на мајмунот, и тоа веднаш. Кога имате прекинат ‘рбетен столб, нема како нозете да комуницираат со мозокот, а сега таа врска е воспоставена со електроди на клучните делови од телото. Во делот за контрола на движењата на нозете во мозокот на мајмунот се ставени импланти и безжичен предавател надвор од черепот. IFrame

Понатаму, сигналите од мозокот се декодираат со наменска програма. За само неколку секунди мајмунот повторно почнал да ја мрда ногата, а за неколку дена веќе почнал да оди на подвижна лента, без потреба од физикална терапија или тренинг. Сепак, ќе треба барем уште некое време додека да се усоврши оваа технологија и да почне да се применува кај луѓето.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com