HomeДЕНЕШНАПолитикаНаумов се сретна со бизнисмените од Визбегово и проблемите со кои се соочуваат

Наумов се сретна со бизнисмените од Визбегово и проблемите со кои се соочуваат

kire-naumov

На средбата со претставниците на Здружението на стопанственици од индустриската зона во Визбегово, дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов се запознал со проблемите со кои секојдневно се соочуваат компаниите во индустриската зона во Визбегово.

Претставниците на Здружeнието детално го информираале Наумов со кои се соочуваат компаниите кои се дел од оваа индустриска зона, а во која не се достапни бенефициите кои ги имаат компаниите лоцирани во технолошко индустриските развојни зони.

Индустриската зона во Визбегово важи за најголемата во земјата со повеќе од 200 компании и остварен промет од 632 милиони евра во 2015 година. И покрај тоа, во зоната во Визбегово компаниите сè уште функционираат без основните услови почнувајќи од водоводна и канализациона мрежа, како и патна инфраструктура.

„Неправедниот третман кој го имаат стопанствениците од индустриската зона Визбегово е огледало на третманот кој го имаат малите и средни домашни претпријатија во земјата во изминатиот период. Кире Наумов на средбата истакна дека домашните компании ќе добиваат многу поголема подршка од страна на државата, затоа што тие се основа за раст на македонската економија. Заедничка беше определбата дека преку директни средби и со искрена посветеност за краток период може да се надминат прооблемите со кои се соочуваат стопанствениците од индустриската зона во Визбегово, што позитивно ќе влијае на нејзин понатамошен развој“, се наведува во соопштението.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com