Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНаумов: Опасноста за финансиско злосторство врз граѓаните останува

Наумов: Опасноста за финансиско злосторство врз граѓаните останува

„Процесот на издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра е одложен, но не и прекинат. Опасноста за финансиско злосторство врз граѓаните останува“, предупреди претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов.

– Најавено е издавање на мислење за правна важност на целата постапка од страна на Министерството за правда иако согласно Законот за јавен долг, член 18, став 6, ова мислење му претходи на носењето одлука за задолжување. Доколку се издава еврообврзница, истата треба да се издаде по истата постапка по која беше издадена еврообврзницата во ноември 2015 година. Секоја друга постапка ќе значи прекршување на Законот за влада, Договорот од Пржино, Законот за буџет и Кривичниот законик – изјави Наумов.

Тој ги уверува граѓаните дека пари во буџетот за плати и за пензии има, бидејќи тие се обезбедуваат од придонеси кои граѓаните ги плаќаат и од даноци. Наумов потсетува дека планираното задолжување од еврообврзницата е за непродуктивни трошења, корупција и за криминал.