Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласНаучниците тврдат: Читањето го продолжува животот

Научниците тврдат: Читањето го продолжува животот

Читањето книги може да го продолжи животниот век за две години, велат научниците од универзитетот Јејл во заклучокот од своето неодамнешно истражување од кое резултатите ги објавија во научното списание Social Science & Medicine. Коавторката на студијата Бека Р. Леви, професорка по епидемиологија на универзитетскиот Оддел за јавно здравје и нејзините колеги тврдат дека читањето е полезно за здравјето.

И покрај сé поголемата популарност на Kindle и другите слични електронски изданија на книгите, продажбата на печатените изданија е во пораст. Така, минатата 2015 година во САД се продадени 571 милиони печатени книги во однос на 559 милиони книги продадени претходната 2014 година, пренесува порталот Medical News Today.

Меѓутоа, читањето книги не е само популарна разбивање на здодевноста и вишокот слободно време, секако покрај задоволството, Имено многубројно проучувања досега покажаа дека читањето е добро за разните аспекти на здравјето. Неодамнешно истражување покажа дека читањето книги од областа на фикцијата кај некои луѓе ја поттикнува емпатијата.

А пак, новото истражување што го спровеле Леви и колегите отишло дури и чекор натаму, покажувајќи дека читателите на книги умираат во просек две години подоцна од оние кои не читаат. Истражувањето е спроведено на 3.635 лица повозрасни од 50 години кои научниците ги поделиле во три групи: оние кои не читаат книги, оние кои седмично на читање книги трошат три и пол часа и третата група се лица кои читаат во текот на седмицата повеќе од три и пол часа.

Резултатите покажале дека, во споредба со луѓето кои не читаат, лицата кои читаат три и пол часа во седмицата имаат 17 отсто помали изгледи дека ќе умрат во претстојните 12 години, а на оние кои читаат повеќе од ова време шансите им се намалени за 23 отсто. Заклучено е дека читачите умираат во просек две години подоцна од оние кои не читаат. Слична врска е откриена и кај лицата коишто читаат весници или списанија, но поврзаноста е за малку помала.

Студијата открила и дека книгите ги читаат повеќе факултетските образовани жени со повисоки лични приходи.

Со истражувањето не е прецизно утврдено кои механизми на читачите им го продолжуваат животниот век, но Леви и нејзините колеги претпоставуваат дека можеби станува збор за позитивното влијание на когнитивните функции. Кон тоа во полза одат и резултатите од една студија од 2013 година, којашто покажала дека читањето ја продолжува комуникацијата меѓу мозочните клетки.

Макфакс