Tuesday, Sep 26, 2017
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомНаучниците експериментираат: поврзаа мозоци на три мајмуни

Научниците експериментираат: поврзаа мозоци на три мајмуни

Ново откритие за мозокот. Истражувачите од универзитетот Дјук веруваат дека во иднина компјутерите ќе можат да се направат од неколку поврзани мозоци на животни познати како „органски компјутери“. Во експериментот се поврзани мозоци на три живи мајмуни, а животните заедно управувале со роботска рака.

Мигел Николелис, истражувач кој го предводел експериментот, развил интерфејс кој го поврзува мозокот и машината и кој еден ден би можел да им овозможи на парализираните луѓе да контролираат роботски екстремитети.
„Во суштина, ние создавовме супер мозок. Колективната свест беше создадена од мозоците на трите мајмуни. Никој пред нас не успеал во тоа“, вели тој.
mozokВо првиот дел на истражувањето, научниците поврзале три макаки мајмуни со машните кои забележуваат електрична активност во делот од мозокот одговорен за моторните вештини. Секој од мамуните независно научил да контролира 3D движења на рацете прикажани на дигиталниот екран пред нив. Потоа мајмуните добиле заедничка контрола над раката, такашто секој од нив можел да контролира две до три димензии.

Иако нивните мозоци не беа директно поврзани еден со друг, мајмуните интуитивно започнале да ги синхронизираат активностите. Системот функционирал дури и кога еден од мајмуните привремено бил спречен да учествува.

Во друг ескперимент научниците директно ги поврзале мозоците на стаорците преку двонасочни електрични врски, кои им овозможиле да ги стимулираат невроните, и истовремено да ја читаат нивната активност. Едноставно кажано, секој од стаорците чувствувал исто што и другиот, само од втора рака.

„Обично поради филмовите мислиме дека се` што е поврзано со науката е страшно и опасно, но нитуеднаш не ми падна на памет грозно сценарио во текот на експериментирањето“, вели Николелис.