Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНационалистички и скандалозни транпаренти за Голема Албанија – ФИФА е на потег

Националистички и скандалозни транпаренти за Голема Албанија – ФИФА е на потег

На вчерашниот меч меѓу Албанија и Македонија не видовме спектакуларен фудбал, но затоа пак дел од домашните навивачи истакнуваа националистички натписи со албански имиња на повеќе македонски градови, потсетија на 9-ти мај и алудираа на „Голема Албанија“.

Ваквата кореаграфија можеби не е ништо ниво за клубско ниво каде сите навивачки групи претеруваат со излиците на национализам и говор на омраза, но ова сепак е натрпевар во организација на ФИФА како дел од квалификациите за Светско првенство, па ваквото навивање строго се коси со сите правила и заложби.

albanija makedonija dozd

На трибините имаше и еден помал инцидент кога меѓу двете навивачки групи беше фрлен факел, а беше исвркана и химната на Македонија. Натпреварот по силното невреме во Скадар ќе се одигра денес со важечкиот резултат 1:1 до 75-тата минута.