HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНајтрагичните авионски несреќи на фудбалери во историјата

Најтрагичните авионски несреќи на фудбалери во историјата

26fb1dff00000578-3010610-obliterated_search_and_rescue_teams_sift_through_the_wreckage_of-a-2_1427318127069

Овие тажни настани започнаа уште во далечната 1949 на 4-ти мај кога авион на авио компанијата Авио Лине Италија кој полетал од Лисабон за Торино со 27 патници сите играчи и стучен стаб на фудбалскиот клуб Торино и 4 од екипажот сите го загубија животот во оваа авионска несреќа која се случи во Торино.

После 9 години на 6 фебруари 1959г. се случи најголемата несреќа која и ден денес ја памти светот. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед загинаа после настапот во Белград со Црвена Ѕвезда на пат кон Манченстер во Минхен. Авионот после 3 обиди за полетување се сруши, а во него загинаа 8 играчи на Манчестер Јунајтед и 3 од стучниот штаб на клубот. Во авионската несреќа настрадаа и навивачи и новинари, неколку беа повредени и префрлени во најблиската болница во Минхен, за крајниот биланс на овој грозен настан да биде 23 мртви.

Чиле го памти 3 април 1962 г. кога мал авион со 20 патници вклучувајќи и 8 фудбалери на клубот Грин Крос, поради невреме се сруши на планината Готера. Сите патници во авионот починаа на лице место.

26 септември 1969 г. по завршувањето на првенството во Боливија играчите на Стронгест во Санта Круз одиграа хуманитарен натпревар, а на враќање назад половина екипа загина во неразјаснета авионска несреќа. По некоја случајност, авионот изчезна на истиот ден кога војската ја презеде власта во Боливија, а наредниот ден власта извести дека авионот се урнал во месноста Вилоко и дека сите 74 патници и 9 луѓе од екипажот се мртви како и 17 фудбалери на ФК Стонгест.

11 август 1979 г. По судир на два авиона над Днипро во поранешна СССР загинаа 178 патници во еден од авионите патуваа цел тим на фудбалскиот клуб Пахтакор од Узбекистан.

8 декември 1987 г. Се случува голема трагедија авион на Перувиан Неви. По грешка на пилотот се потопуваат во Пацифичкиот океан 44 членови на фудбалскиот клуб играчи, стучен штаб навивачи, новинари… сите го загубија живото на лице место.

28 ноември 2016 г, Сеуште свежа и неразјаснета авионска несреќа во кој патуваше фудбалскиот бразилски тим Чапокоенсе кој требаше да одигра финален натпревар со Атлетико Национал во рамките на Купот на Јужна Америка. Според досегашните имформации тројца фудбалери го преживеале кобниот лет во кој загинале 73 патници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com