HomeДЕНЕШНАРепубликаНаТочак: Време е партиите сериозно да го развијат велосипедскиот превоз

НаТочак: Време е партиите сериозно да го развијат велосипедскиот превоз

na tocak
Нашето општество се соочува со неколку проблеми од големи размери кои директно се поврзани со начинот на транспорт низ населените места и третманот кој различните типови транспорт го добиваат од институциите.
poster-so-info

-Небезбедност во сообраќајот и жртви.

-Сообраќаен метеж и непријатни јавни простори.

-Здравствени проблем кај населението (проблем со загадување, недостаток од физичка активност, итн.)

Со серија мерки за развој и унапредување на условите за велосипедскиот сообраќај во градовите ќе се привлечат поголем број граѓани да го користат велосипедот како превозно средство. Со тоа значително ќе се помогне во решавање на голем дел од проблемите со кои се соочуваме како општество: ќе се намали загадувањето, ќе се подобри јавното здравје и ќе се решат некои од најголемите градски проблеми поврзани со сообраќајниот метеж. Притоа ќе се заштедат средства од буџетите на општините, како и буџетите на министерствата за здравство, транспорт и животна средина.

Oд првичната анализа која ја направивме на досега објавените партиски програми за парламентарните избори, решавањето на овие проблеми речиси комплетно е изоставено.

 Велосипедот, доколку воопшто е спомнат, е речиси исклучиво дел од проектите за спорт, рекреација или туризам. Крајно време е сериозно да му се пристапи на проблемот и во политиките велосипедот да се третира примарно во категоријата ТРАНСПОРТ.

Веќе 4 и пол години активно ги актуелизираме придобивките од користењето на велосипедот, како и проблемите и решенијата поврзани со велосипедскиот сообраќај. Затоа се почувствувавме должни да реагираме. Заедно со другите

 #НаТочак организации: Битола НаТочак, Прилеп НаТочак, Гостивар НаТочак, Тетово НаТочак, Штип НаТочак, Струмица НаТочак, подготвивме документ (http://natochak.blogspot.mk/2016/11/blog-post_24.html) кој го испративме до политичките партии со цел да им послужи како основа за дополнување на изборните програми.
Сè уште не е доцна да направат измени, а ние предизборно ќе направиме велосипедска анализа на програмите и ќе ја споделиме со јавноста.
Будни сме, ќе следиме! Бираме точак за секој ден, но и бираме со точакот!

Овој период има Критична маса со темата

 #ИзбериТочак во 5 града: Битола, Гостивар, Скопје, Прилеп и Струмица. Термините ги има на заедничкиот постер. Придружете се онаму каде што можете! 

Во Скопје се гледаме на Плоштад Македонија во среда, 30.11.2016 во 17:30 часот.
POST TAGS:
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com