Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНАТО со воени бродови ќе ги лови шверцерите на мигранти

НАТО со воени бродови ќе ги лови шверцерите на мигранти

НАТО ќе се вклучи во справување со бегалската криза со воени бродови кои ќе патролираат во Егејското море. Главната мисија ќе биде спречување на премин на терористички групи, но и хуманитарна цел за помош на бегалците кои со шверцерски криминални групи се превезуваат по морски пат до Турција.

migrantiРаспоредувањето на НАТО силите е по барање пред се на Турција и Грција, а водечка улога ќе има Германија. Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО по состанокот во Брисел само кратко изјави дека целта е да се соберат разузнавачки информации за поголема безбедност, но не откри повеќе детали.