Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНАТО сака Црна Гора да биде 29-та членка на Алијансата

НАТО сака Црна Гора да биде 29-та членка на Алијансата

Одлуката да се „збогати“ НАТО со уште еден член по цели шест години ја изјави генералниот секретар Столтенберг кој ѝ упати покана на Црна Гора да стане дел од Алијансата како членка број 29. Од друга страна, Русија, која има имот и инвестиции во Црна Гора  ја предупреди Подгорица дека нејзиниот потег е закана за стабилноста на Западен Балкан и наводно се заканила со санкции и можно замрзнување на односите. Пристапните преговори се очекува да траат околу една година.


„Црна Гора се покажа на патот да воспостави владеење на правото. Од 2009 година соработуваме со Црна Гора во Акцискиот план за членство“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.


За напредокот на другите три кандидати: Грузија, Босна и Херцеговина и Македонија ќе се полемизира во наредниот период, изјави амбасадорот на САД во НАТО, Даглас Лут.