Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНАТО отвори командно-контролен центар во Романија

НАТО отвори командно-контролен центар во Романија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој е во еднодневна посета на Букурешт, отвори командно-контролен центар на Алијансата, кој е првиот од шесте вакви штабови од тој тип, предвидени во Источна Европа. Тој денеска изјави дека Алијансата не гледа „непосредни закани“ за нејзините членки, кои имаат блиски односи со Русија.

Столтенберг исто така нагласи дека „НАТО не бара конфронтација со никого и сака да гарантира безбедност за своите членки на исток и југ“. Ова е првиот од вкупно шестте планирани штаба на НАТО кои треба да бидат изградени во Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија.