Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНАТО напомош на Турција за да се спречи ИСИС

НАТО напомош на Турција за да се спречи ИСИС

Членките на НАТО ќе одржат итен состанок по барање на Турција за справување со безбедносните предизвици од нападите на борците на Исламска држава, како и за комплицираната состојба со курдските бунтовници.

turcija napad

Според дипломатски извори НАТО земјите се подготвени да и дадат помош на Турција, но ќе мора да се внимава на курдското население, како и нивната инволвираност во вооружениот конфликт бидејќи постојат обвинувања за напади на турската армија врз нивните позиции.

Владините и воените лидери на Турција објаснуваат дека Курдите во Сирија нема да бидат нападнати, а со курдската армија во Ирак се уште не е постигнато примирје. Турција сепак, има најголема опасност од ИСИС бидејќи веќе се изведени повеќе бомбашки напади со голем број на жртви, а денес беше миниран и дел од гасоводот во Агра.