Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФотографијаNational Geographic Traveler Photo Contest 2015 доби победници

National Geographic Traveler Photo Contest 2015 доби победници

Избрани се победниците за годинашниот фото-натпревар на National Geographic, а беа избрани од 17 илјади фотографии од сите ќошиња на светот. Победниците се бирани во неколку категории – патувачки портрети, пејсажи, смисла за место и спонтани моменти. Ануар Патјане Флориук ја освои првата награда за неговата подводна фотографија од нуркачи кои пливаат во близина на кит во Рока Партида, остров на западниот брег на Мексико. Наградата е осумдневно патување за двајца со експедицијата на National Geographic во Костарика и Панамскиот Канал.

„Фотографијата беше спонтана. Фотографирав во близина на главата на китот, и наеднаш таа почна да плива кон нуркачкиот тим. Нуркачите им дадоа простор на женката кит и нејзиното новороденче, а јас само го доловив моментот кога композицијата ми изгледаше најправилно“, објаснил Флориук.

Натпреварот трае веќе 27 години, а можат да се натпреваруваат и аматери и професионални фотографи.

Прво место:
ng
Второ место:
ng1
Трето место:
ng2
Останатите:
n

ng3

ng5

ng6

ng7

ng8