Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНастраданите во поплавите завршија на улица – Наредба за напуштање на студентскиот дом

Настраданите во поплавите завршија на улица – Наредба за напуштање на студентскиот дом

Жителите од поплавените села мораат да се врата дома, а нивните куќи се разрушени. 79 жители од поплавените подрачја кои настрадаа во август минатата година, треба да го напуштат студентскиот дом, Томе Стефановски Сениќ и да се вратат во своите домови. Ова е одлуката на Министерството за труд и социјална политика, чиј прв човек оцени дека се создадени условите жителите да се вратат дома. Според министерот Ибрахим Ибрахими, само две семејства ќе бидат сместени во центарот „25 Мај“ кој е во надлежност на ова Министерство, бидејќи според него, непотребно е и натаму да се трошат средства за престој на жителите во студентскиот дом.

„Екипите се излезени на терен каде пробламатични се оценети две, три семејства. Тие ќе бидат сместени во центарот 25 мај и нема да го платиме домот Синич. Никој нема да остане надвор на улица и доколку се појават дополнителни лица, ќе ги сместиме во нашите објекти само да не плаќаме веќе во Сенич околку 1 милион и 200 илјади денари. Поголемиот дел од нив имаат услови за да се врата дома“ – изјави Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјална политика.

Директорот на домот „Томе Стефановски Сениќ“, Лулзим Џемаили изјави дека одлуката е донесена вчера и тој ќе треба да ја почитува. Сепак, според него, таквата одлука не е праведна затоа што тој ја знае добро состојбата на овие жители.

„Информациите од министерот за труд и социјална политика се многу контрадикторни. Врз основа на нашите информации, рокот треба да се продолжи до 1 мај, но изгледа дека продолжува шегувањето со жителите. Но, каква и да е одлуката на Министерството и на Владата, ќе треба да се почитува“ – изјави Џемаили, директорот на студентскиот дом.