Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНастрада мотоциклист во тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Настрада мотоциклист во тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Еден мотоциклист настрада во тешка сообраќајна несреќа која утрово во 6.20 часот се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската населба Кисела Вода. До несреќата дошло откако мотоциклистот, поради влажниот коловоз, изгубил контрола врз возилото и се судрил во автомобил.

Повреденото лице веднаш е пренесено во болница и се уште е непозната неговата состојба. Полицијата и понатаму продолжува да го истражува случајот.

Фото: Пулс24