Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНаставник во Драчево удрил дете зошто рекло дека е на страна на нападнатите пратеници

Наставник во Драчево удрил дете зошто рекло дека е на страна на нападнатите пратеници

Ги имитрале настаните од Собранието од кобниот четврток. Но, наставеникот по информатика во основнотто училиште „Кузман Шапакрев“ наместо да ги укори и прекине 14 годишните ученици тој го нападнал момчето кое рекло дека во шегата ги застапува повредениете пратеници – пренесува Телма. Родителот Дејан Кранфилофски од населбата Драчево не му верувал на својот син додека не забележал дека детето има црвенило на лицето.

Каранафиловски, побарал директорката веднаш да го повлече од настава и го пријавал наставникот во полиција. Од наставникот и претходно се жалеле родителите, но директорката уверувала дека ќе се погрижи за неговиот однос. Ниту тој, ниту таа попладнево не беа во училиштете
за да одговорат дали полицијата службено разговарала со наставникот и какви мерки ќе преземе училиштето. Насилството кое дојде од малите екрани, а се прошири преку социјалните мрежи најмногу ги инфицираше децата, смета униферзитетскиот професор Александар Спасов, според кого педагозите наместо да превенираат во овој случај завземаат страна.

МВР потврдува дека работи на случајот. Доколку се утврди вина, наставникот се соочува со кривично дело „Малтретирање во вршење служба.“ Се уште одговор од надлежното Министерство за образование нема и за професорката во гиманзијата Корчагин која на својот фејсбук профил го поддржа насилникот која на видео снимките нападна пратеничка во Собранието.