HomeДЕНЕШНАСветНајстариот турски весник Џумхуриет со порака до властите: Нема да попуштиме!

Најстариот турски весник Џумхуриет со порака до властите: Нема да попуштиме!

1105269496

„Нема да попуштиме“ е водечкиот наслов на денешното издание на најстариот турски весник. Просторот каде се објавуваа колумните на двајцата уапсени соработници е оставен празен.Обвинителството во Истанбул соопшти дека новинарите и уредниците се притворени по истрагата за наводна поддршка на овој левоориентиран весник на движењето на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кого Владата го обвини за организирање на обидот за пуч од 15 јули и на забранетата Работничка партија на Курдистан.

Весникот ги отфрли обвинувањата, а апсењата предизвикаа осуда од меѓународните претставници и организации, меѓу кои и ОБСЕ. Турската полиција вчера го приведе главниот уредник на весникот Мурат Сабунџу, а Си ен ен Турк јави дека се издадени налози за апсење на вкупно 13 новинари раководители. Претходниот главен уредник на Џумхуриет Џан Дундар е осуден на шест години поради објавување државни тајни, вклучувајќи и информации за акцијата на Анкара во Сирија.

Пресудата за Дундар предизвика критики и обвинувања за цензура, која на турските власти им ја упатија организации за човекови права и западните влади, загрижени поради влошување на состојбата со човекови права во Турција под власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com