HomeАНТИСТРЕСШтосноНајстарата личност на светот наполни 117 години!

Најстарата личност на светот наполни 117 години!

morano-f2

Италијанката Ема Морано, најстарата личност на светот, денес го прослави својот 117 роденден гасејќи ги свеќичките на тортата, пренесуваат тамошните медиуми. Роденденот на Еми Морано, која живее во Вербаниј, во североисточна Италија и го честиташе и италијанскиот претседател Серџо Матарела, чија честитка ја прочита еден функционер, а ја посетиле две внуки и нејзиниот долгогодишен доктор.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Морано трпеливо одговарала на прашањата на новинарите и примала поклони, меѓу кои имало и колачи. Ема Морано потоа запалила три свеќички, со по една цифра од бројот на нејзините години. Таа е родена во 1899 година, а во мај стана најстарата личност на светот. Се верува дека таа е единствена која е родена во 19 век, а е жива и ден денес.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com