Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНаскоро од Европа до САД за 69 долари

Наскоро од Европа до САД за 69 долари

Авиокомпанијата Norwegian Air планира во својата понуда да воведе директни летови од Европа во САД по цена од 69 американски долари и тоа до 2017 година.

Директорот на компанијата Бјорн Кјос објасни дека таа опција би можела да функционира кога авионите би полетувале од аеродромите во САД и Европа кои би имале ниски надоместоци, како аеродромите Винчестер Каунти или меѓународниот аеродром Бредли во САД.

Според актуелните планови, летовите би се одвивале на релација САД-Единбург или Берген во Норвешка, а во моментот за летови на такви релации цените се движат околу 300 долари. Компанијата за овие потреби веќе нарачала 100 авиона „Boeing 737″, а првите би требало да пристигнат во 2017 година