Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНасилниците и хушкачите сеуште слободни на протест на „За заедничка Македонија“

Насилниците и хушкачите сеуште слободни на протест на „За заедничка Македонија“

Дел од насилниците и хушкачите повторно се појавија на протестот на „За заедничка Македонија“ , а слободно продефилираа и самите организатори за кои сеуште не е поведена постапка за одговорност за насилниот упад во Собранието на Република Македонија минатиот четврток кога десетина пратеници крвнички беа претепани, а со повреди завршија голем број на новинари, полицајци и граѓани.

zaednicka (1) (1)

На денешниот протест на „За заедничка Македонија“ се појави и поранешниот организатор Игор Дурловски кој беше претставен на импровизираната говорница. Тој не им се обрати на демонстрантите, туку во негово има Борис Дамовски откри дека се откажал поради ангажманите во Македонската опера и балет и кога можел ќе доаѓал.

zaednicka (3) (1)

Дурловски сега ништо не спомна дека главната причина поради која се откажува се насилствата како што претходно посочи им следеле на 60 дена мирни протести.

Меѓу толпата има и граѓани кои учествуваа во нападот на Собранието, но и дел од хушкачите и провокаторите кои и натаму се на слобода.