Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаНашите кошаркари по втор пат го победија Израел

Нашите кошаркари по втор пат го победија Израел

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа и третата победа во низа во подготовките за Евробаскет 2015, втора над селекцијата на Израел, овојпат извојувана во Скопје со резултат 69-64. „Црвено-жолтите“ повторно прикажаа добра игра, не дозволувајќи му на Израел да дојде до прва радост на македонско тло, откако оваа селекција го загуби и претходниот меч во Охрид, од селекцијата на Украина.

Предраг Самарџиски со 13 поени беше најпрецизен во македонската репрезентација, еден повеќе од Војдан Стојановски, а двоцифрен ефект имаше и Стојан Ѓуроски. Македонската кошаркарска репрезентација последниот домашен натпревар во пресрет на Евробаскет 2015 ќе го игра в петок во Гевгелија против селекцијата на Венецуела.