Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНашиот Марко шести на листата на најпаметни тинејџери во светот

Нашиот Марко шести на листата на најпаметни тинејџери во светот

Нашиот компјутерски гениј, Марко Чаласан кој има 14 години, се најде на 6-тото место на листата на 50 најпаметни тинејџери на светот.

Сајтот Балкан инсајд пишува дека Марко е компјутерски гениј, кој на само 8 години веќе имаше добиени бројни признанија и дипломи од Микрософт. Првиот сертификат го доби на возраст од само 6 години. Марко е вљубеник во математиката и физиката, почнал да чита и пишува на 2-годишна возраст. Кога наполнил 4 години веќе зборувал течно англиски јазик.
calasanslТој предава информатика на деца од 8 до 11 годишна возраст во неговото основно училиште. Течно зборува три јазици, а моментално учи и четврт.

Од Премиерот на доби ИТ лабораторија за да си го усоврши своето знаење и да напредува во иднина. Марко е еден од четирите тинејџери кои не се по потекло од САД, а кои се најдоа на оваа листа. Според листата, најпаметен тинејџер на светот е Џек Андрака од Мериленд, САД.