Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарНашиот клас на израелскиот театар ќе се игра на Охридско лето

Нашиот клас на израелскиот театар ќе се игра на Охридско лето

Денес продолжува Охридско лето со уште една атрактивна содржина за сите љубители на уметноста. Гледачите ќе може да ја погледнат претставата „Нашиот клас” од Тадеуш Слобоѓањек, во режија на Ханан Снир, а во изведба на театарот „Камери” и националниот театар „Хабима” од Тел Авив.

Претставата е приказна за еден клас од селото Једвабне во Источна Полска. со храбар поглед на она што се случило го остава гледачот без здив, шокиран и длабоко потресен, велат рецензентите. Десетте актери благодарејќи на најсензитивниот и единствен стил на текстописецот и режисерот успеваат да го направат невозможното, гледачот да ги засака и да ги разбере сите што го живееле овој неразумен живот кој им бил наменет од историјата.

hacita

„Нашиот клас” ја обработува темата за комплицираните врски помеѓу Полјаците и Евреите во текот на Втората светска војна. Драмата е локална и универзална приказна, која се случува во селото Једвабне на 10 јули 1941 година, кога полските католички соседи упаднале во домовите на Евреите со кои пораснале, ги заробиле во локалната штала и запалиле 1.600 Евреи. Иако, драмата говори за локалниот масакр, содржи и универзална порака за секое општество што не ги прифаќа „другите”, каде што децата растат во средина со ниска толеранција, расизам и предрасуди.

„Нашиот клас” е номинирана за најдобра изведба за 2015 година во Израел, а ќе се одигра пред дворот на црквата Света Софија.