Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНашиот Даниел триумфираше во третата сезона на ТЛЗП, парите ќе одат во Куманово

Нашиот Даниел триумфираше во третата сезона на ТЛЗП, парите ќе одат во Куманово

Вчеравечер заврши третата сезона на познатото шоу ТЛЗП (твоето лице звучи познато), каде нашиот претставник Даниел Кајмакоски убедливо триумфираше со помош на гласовите од публиката.

Заедно со него, во финалето се најдоа и Ивана Петерс на 5-то место, Каја Остојиќ на 4-то место, Неша Бриџис на 3-то место и Никола Роквиќ кој се бореше до самиот крај во супер финалето, кој пак се претстави со песната „Ѓурѓевдан“ и имаше вистинска претстава на сцената.

Нашиот Даниел како и досега така и вчеравечер блесна на сцената, овојпат во улога на евровизискиот претставник Манс Земерлов и неговиот хит „Heroes“. Иако имаше доста настапи за паметење, така и овој настап може да го вброиме во низата успешни.

Кајмакоски зема награда од 25.000 евра, која ќе оди во хуманитарни цели. Тој одбра парите да ги донира на една самохрана мајка од Куманово чии две дечиња боледуваат од иста болест.