Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНаселбата Бардовци доби нов плоштад

Населбата Бардовци доби нов плоштад

Населбата Бардовци во Општина Карпош доби нов, модерен плоштад. „Овој плоштад го изградивме за потребите на граѓаните на урбаната заедница Бардовци. Истиот чини околу 20 милиони денари и се состои од фонтана, детско игралиште и осветлување“ – рече градоначалникот Стевче Јакимовски на отворањето.
bardovci-2
Свое обраќање до Бардовчани, во име на Советот на локалната самоуправа имаше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски, кој истакна дека жителите на оваа населба, се здобиле со еден од најмодерните плоштади во Општина Карпош, кој ќе може да го употребуваат како катче за одмор, рекреација, како и за дневни и вечерни седенки а Карпош станува се попосакувано место на живеење.
bardovci