Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосШефот на НАСА убеден: Вонземјани постојат

Шефот на НАСА убеден: Вонземјани постојат

Мајор Чарлс Френк Болден главниот директор на НАСА изјави дека верува во вонземјани и тие сигурно постојат некаде во бескрајниот универзум во кој има милијарди галаксии, па затоа тезата дека Земјата е единствена планета на која има активен живот е малку веројатна. Ова е редок случај во кој официјалните лица на НАСА отворено говорат за можноста за постоење на вонземски живот бидејќи мора да се многу внимателни во своите изјава за да не бидат погрешно протолкувани.

nasa-bolden

Болден исто така проговори и за контроверзната база „Област 51“ во пустината во Невада, за која долги години се шпекулира дека служи за експерименти на заробени вонземјани, па дури и дека има директна соработка со нив за превземање на нови технолошки пронајдоци. Мајорот Болден изјави дека лично бил во базата на Американската авијација и не видел никави вонземјани. Тајноста на објектот ја објаснува со аеронаутичките тестови кои ги врши армијата за нови борбени и шпионски авиони и таа технологија мора да се маскира за да не падне во рацете на Русите или Кинезите.

area 51

Според прогнозите на директорот на НАСА во наредните две децении научниците ќе бидат посветени на откривање на нови планети слични на Земјата на кои може да има живот, а исто така верува дека со сите мисии за набљудување на вселенските агенции сигурно ќе дојде до контакт со вонземски живот. Љубителите на теории на заговори се делумно задоволни од изјавите на мајорот Болден бидејќи на овој начин им остава простор и понатаму да ги шират своите тврдења за присуство на вонземјани без знаење на населението.