Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосNASA со мисија на астероидот кој може да удри во Земјата

NASA со мисија на астероидот кој може да удри во Земјата

Огромниот астероид кој секоја шеста година може да се види од Земјата би можел да предизвика огромни штети и загубени животи, доколку дојде до промена во неговата орбита – пренесува НАСА. Вселенската агенција на астероидот Бен ќе испрати мисија која треба да земе примероци. Бен е видлив секоја шеста година од Земјата, а во 2135-та година се очекува да помине помеѓу Земјата и Месечината.

Но, би можело да дојде промена во неговата орбита која што би го насочила големиот астероид директно на нашата планета Земја. Научниците стравуваат дека тоа би довело до огромни разурнувања. Истражувачот на НАСА, Данте Лаурета предупредува: „Може да предизвика неверојатно патење и разурнување“. Овој професор по астрономија води мисија која ќе земе примероци од астероидот кои би можеле да содржат „витални податоци за идните генерации“
osiris rex asteroid ben
Мисијата „Озирис-Рекс“ пристигнува на астероидот во 2018-та година и ќе помине една цела година анализирајќи го астероидот Бен. Научниците се надеваат дека откако информациите ќе бидат собрани, за време на патувањето ќе може да откријат како на курсот на астероидот влијаа апсорцијата и зрачењето на сончевата светлина. Сондата треба да се врати на Земјата во 2023 година.

Астероидот Бен има пречник од 500 милји (805 километри), а астероидите со таква големина можат да предизвикаат кратери од седум километри и штета слична на штетата која што би ја предизвикал земјотрес од 7 степени според Рихтеровата скала. Се проценува дека доколку овој астероид ја погоди Земјата, ќе предизвика големи разорувања на подрачје од 500 квадратни километри, вели Мајкл Буш, астроном од “SETI” Институтот.