Thursday, Apr 18, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосНАСА: Плутон има вода со замрзнати планини

НАСА: Плутон има вода со замрзнати планини

Најновите слики кои ги испрати леталото „Нови Хоризонти“ покажуваат дека џуџестата планета Плутон е геолошки активна и нема знаци на големи кратери од удари на вселенски остатоци. Исто така од сликите се гледаат замрзнати врвови на планини кои достигнуваат височини до 3500 метри.

pluto ice

Планинските масиви на Плутон најверојатно во составот имаат H2O, односно замрзната вода изјави Ален Стерн, директорот на мисијата на НАСА. Остатокот од мразот е сочинет и од азот, метан и јаглероден моноксид.

Останува и неверојатен фактот што планетата е толку далеку од Сонцето, има пет пати помала површина од земјата, а се уште е геолошки активна, што им дава одличен простор на научниците за нови истражувања и теории, како за вселената, така и за самите принципи на геолошките процеси на Земјата.